КРАЈ НА МАЛВЕРЗАЦИИТЕ: Пристигна тахо-шпионот, нема да купуваме возила со вратени километри

Уредот тахо-шпион, револуционерна направа што го скенира со ултразвук моторот на возилото и одредува колку точно е возен тој автомобил, а ја прикажува и неговата општа состојба. Мерењето со тој уред кај нас би чинело околу 50 евра.  Извор: http://telegraf.mk

Testoviautomobila RS LOGO

Автомобилот е купен од стара баба која го возела само до пазар, е реченица која во иста или слична форма ја чул секој што сакал да купи половно возило. Тоа е изговорот што се користи како образложение на малкуте поминати километри без оглед на годината на производство на возилото. Злоупотребите со вратени километри не се новина на меѓународниот пазар на половни автомобили, ниту, пак, на нашиот пазар за користени возила.

Сепак, на задоволство на купувачите, на таа практика полека ѝ се става крај со апаратот кој од февруари е во употреба и во Македонија. Станува збор за тахо-шпион, револуционерна направа што го скенира со ултразвук моторот на возилото и одредува колку точно е возен тој автомобил, но и во каква општа кондиција е.

На апаратот составен дел му е компјутер со база на податоци во која моментно се анализираат 11.600 типа на комбинации од мотори, односно шасии. Од 2001 година, од кога е во употреба, направени се 250.000 мерења. Апаратот дава точност на податоци со отстапување од помалку или повеќе од 10 отсто.

kokpit-mercedes

Резултатите се добиваат веднаш

Тахо-шпионот стаса во Македонија на почетокот на февруари годинава, откако неколкумина претставници од фирмата застапник биле на обука во Германија, од каде што и потекнува апаратот и од каде што е базата на податоци.

– Апаратот достигнува точност од плус минус 10 отсто во случај кога во моторот не се користени адитиви за масла и горива. Во тој случај може да се покажат помалку километри, ама и тоа е показател на квалитетот на одржувањето, односно дали се возело во град, дали спортски. Мерењето трае само неколку минути и се врши без претходно отворање на моторот. Резултатите по проверката во базата на податоци се достапни веднаш, а освен за километражата достапни се мерења за кондицијата на менувачот, водената пумпа, воланот или на турбината – вели Тоде Јовановски, од „Аријана трејд“, фирма застапник на апаратот за Македонија.

Volvo